Објавени се измените во Правилникот за спроведување на законот за акцизите | Правдико

Правдико

   

Објавени се измените во Правилникот за спроведување на законот за акцизите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

carinaВрз основа на член 58 од Законот за акцизите („Службен весник на РМ“ број 32/01 … 31/2016), министерот за финансии донесе Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за спроведување на законот за акцизите. Овој правилник е објавен во Службен Весник на Република Македонија бр. 58 од 28.03.2016 година и истиот ќе стапи на сила на ден 05.04.2016 година.

Најважни измени кои се извршени со овој Правилник се следниве:

– Со измена на членот 7 намален е количинскиот услов за акцизен склад за алкохол и алкохолни пијалоци.

– Составен дел на овој правилник стануваат следниве барања:

§ Барање за примена на упростен акцизен документ – образец АК-УАД
§ Барање за одобрување за поднесување поединечна гаранција при транспорт на акцизни добра од друго лице – образец Б-ГТ
§ Акцизна пријава за мал независен производител на пиво – образец АКЦ-МНПП
§ Барање за доплата на акциза – образец АК-ДА (со примена од 1 јули 2016 година)
§ Барање за враќање на акциза – образец АК-БВ
§ Барање за бришење од регистар – образец АК-ББР

– Се додаваат нови типови на контролни марки и тоа

§ тип 7 за обележување на на меѓупроизводи и етил алкохол
§ тип 2 за обележување на тутунски добра

Обрасците на контролните марки за обележување на меѓупроизводи и етил алкохол и обрасците на контролните марки за обележување на тутунски добра, се заменуваат со нови обрасци кои се составен дел на овој правилник

– Во членот 41 став (1) со примена од 1 јули 2016 година, изменети и дополнети се одредбите за водење на евиденции на имател на акцизна дозвола на денот на почетокот на примената на зголемената акциза за тутунски добра и на денот на почетокот на примената на зголемената малопродажна цена, како и на денот на почетокот на примената на зголемената акциза за меѓупроизводи и етил алкохол.

– Со примена од 1 јули 2016 година, се менува членот 41-а за водење на евиденции на увозникот на меѓупроизводи и етил алкохол на денот на почетокот на примена на зголемената акциза за меѓупроизводи и етил алкохол

– По член 41-а, со примена од 1 јули 2016 година се додава нов член 41-за водење на евиденции на увозникот на тутунски добра на денот на почетокот на примената на зголемената акциза за тутунски добра и на денот на почетокот на примената на зголемената малопродажна цена.

Препорачуваме

Партнери на Правдико