Обложувалниците и казината да бидат 500 метра оддалечени од образовните институции – предлог законски измени
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со постојниот закон не е уредена оддалеченоста на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа од основни и средни училишта и високообразовни институции. Ваквиот начин на уредување дава можност младата популација да има лесен пристап до игрите на среќа.
Согласно постојното законско решение, приредувачите на игри на среќа во обложувлница и автомат клуб, со добивањето на една лиценца за автомат клуб и обложувалница имаат можност да отворат неограничен број на деловни простории односно уплатно исплатни места. Ваквиот начин на отворање на деловните простории за приредување на игри на среќа на автомати, има позитивни ефекти само за приредувачите, на кои им се овозможува со плаќање на надоместок само за една лиценца да отворат голем број на деловни простории, а негативни ефекти врз Буџетот на Република Северна Македонија заради помалку остварените приходи по овој основ.
Со цел заштита на младата популација од лоши и несоодветни навики за нивната возраст, се предлага деловните простории, односно уплатно-исплатните места во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат оддалечени 500 метри од основни и средни училишта и високообразовни институции до кои се доаѓа по најкраткиот безбеден пат.