ОБСЕ: Мирни и добро организирани избори
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Претседателски избори беа добро организирани, а гласачите слободно можеа да направат информиран избор меѓу кандидатите.
Изборите беа спроведени добро. Фундаменталните слободи на собир и изразување беа почитувани, а денот на изборите беше мирен, уреден и транспарентен, заклучиле меѓународните набљудувачи од мисијата на ОБСЕ, Парламентарното собрание на ОБСЕ и на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). Тие, меѓутоа, се согласни дека се уште има голема потреба од реформи во Изборниот законик.
„Овие мирни генерално добро организирани избори покажаа дека може да се изнајде политички волја за одржување демократски избори“, рече Серин Мобурн, специјална координаторка и шеф на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ.
Извор: Радио Слободна Европа