ОБСЕ/ОДИХР : Изборите беа во согласност со меѓународните стандарди | Правдико

Правдико

   

ОБСЕ/ОДИХР : Изборите беа во согласност со меѓународните стандарди

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Изборите беа во согласност со меѓународните стандарди, оцени мисијата на ОБСЕ/ ОДИХР на прес -конференција на која ги изнесоа оценките за вчерашниот изборен ден во земјава.

„Вчерашните локални избори беа генерално во согласност со меѓународните стандарди. Се надеваме дека ова ќе придонесе за натамошен одржлив развој на локално ниво, за да се подобрат животните услови за сите граѓани“, велат од ОБСЕ.

Тие додаваат дека иако процесот се уште не е завршен, на овие избори се виде напредок во демократскиот процес на оваа земја и расте довербата на гласачот во изборниот процес.

„Се надеваме дека ќе продолжи и во вториот круг“, рече амбасадорката Одри Гловер, шеф на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

И покрај организационите предизвици, од Мисијата оценуваат дека изборната администрација се погрижи гласачите да ги остварат своите гласачки права. Забелешка изнесоа во однос на регулативата која, според нив, е во контрадикција со законодавството.

Според ОБСЕ, седниците на Државната изборна комисија беа отворени за набљудувачите, но сепак одлуките често се носеле на затворени седници. Во однос на обвинувањата на опозицијата за изборните нерегуларности за време на изборниот ден, од ОБСЕ велат дека ќе следат дали соодветно се постапува, но додаваат дека нема избори без нерегуларности и додаваат дека генерално изборите се одвивале во мирна атмосфера.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико