OБУКА: Електронската регистрација на трговските друштва, улогата на регистрационите агенти и други новини | Правдико

Правдико

   

OБУКА: Електронската регистрација на трговските друштва, улогата на регистрационите агенти и други новини

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

koncept

23 март 2016 година (среда), од 10.00 до 16.00 часот
Институт за бизнис образование КОНЦЕПТ, Скопје

Цел на обуката:    

Институтот КОНЦЕПТ организира еднодневен семинар на тема ,,Електронската регистрација на трговските друштва, улогата на регистрационите агенти и други новини во законската регулатива на Законот за трговските друштва”. Семинарот ќе се реализира на 23 март 2016 година (среда), од 10:00-16:00 часот во просториите на Институт КОНЦЕПТ Скопје. За време на семинарот  ќе биде опфатен Законот за трговските друштва со акцент на најновите измени на истиот. Дополнително ќе се направи усогласување на Законот за трговските друштва со Новиот закон за прекршоци.

Содржина на обуката:

1.    Исклучување на хартиената регистрација на ДОО, ДООЕЛ и ТП во целост и замена на истата со електронска регистрација.

2.    Улогата на регистрационите агенти во регистрацијата на трговските друштва.

–    улогата на овластените сметководители предвидена со Измените и дополнувањата на Законот за едношалтерски систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица (Сл. Весник на РМ бр.70/13) и Законот за трговските друштва(Сл. Весник на РМ бр.70/13).
–    улогата на адвокатите и адвокатските друштва како  овластени регистрациони агенти предвидена во Измените и дополнувањата на Законот за едношалтерски систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица (Сл. Весник на РМ бр.97/15) и измените на Законот за трговските друштва(Сл. весник на РМ бр. 88/2015).

3.    Белези на трговските друштва.
–    назив или фирма на трговското друштво.
–    седиште на трговското друштво и примената на Закон за изменување и дополнување на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфрастуктурни објекти.
–    основачи – лица кои можат, односно не можат да основаат трговски друштва согласно член 29 од Законот за трговските друштва и новините при пренос на удел предвидени со Законот за измена и дополнување на Законот за трговските друштва (СЛ. Весник на РМ бр.38/2014).
–    предмет на работење.
–    основна главнина.
–   застапување, лица кои можат односно кои не можат да бидат застапници согласно член 29а од ЗТД и обврската на управителите, извршните членови на одбор на директори членовите на управен одбор која произлегува од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.
–    обврска за запишување на адреса на електронско сандаче за прием на писмена или е-маил адреса на трговските друштва предвидена во Законот за едношалтерски систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица.

4.    Бришење на трговските друштва.
–    бришење по пат на ликвидација.
–    бришење по пат на стечај.
–    бришење на трговските друштва по службена должност од страна на Централниот регистар предвидено во член 552-а и 552-б од ЗТД.

5.    Други прашања од интерес на учесниците.

6.    Новиот Закон за Прекршоци.
–    Новините предвидени во општите одредби од Законот за Прекршоците.
–    Новите видови постапки предвидени во Законот за прекршоците.
–    Новини предвидени за одговорноста на правните лица.
–    Новини предвидени за одговорноста на одговорните лица во правните лица.
–    Целта на новините во новиот Закон за Прекршоци.

7.    Усогласување на законите.
–    Видови прекршоци предвидени во Законот за трговските друштва.
–    Глоби и начин на нивно одмерување во Законот за трговски друштва.
–    Надлежност за изрекување на глоби и начинот на нивно одмерување.

За кого е наменета обуката:

Преставниците на трговските друштва, основачите, застапниците, како и за регистрационите агенти- овластени сметководители, адвокати и адвокатски друштва.

Повеќе информации на следниот ЛИНК

Препорачуваме

Партнери на Правдико