Обука: Електронски систем за јавни набавки | Правдико

Правдико

   

Обука: Електронски систем за јавни набавки

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

KapitalAkademijaNOVO_logoКористење и практична примена на ЕСЈН, спроведување на постапка по електронски пат, креирање и спроведување на аукции и последни измени во областа на е-Набавките

 (Обука наменета за сите договорни органи)
13 март 2014 година, од 10.00 до 16.00 часот
Капитал Aкадемија, Скопје

На обуката која е наменета за сите договорни органи како што се јавни здравствени установи, образовни установи, дирекции, агенции, заводи, јавни комунални претпријатија, институти, судови, развојни центри и сл., учесниците на интерактивен начин подетално ќе се запознаат со алатките што ги нуди ЕСЈН, самите практично ќе спроведат постапка за јавна набавка по електронски пат и детално ќе се запознаат со сите аспекти на спроведувањето на електронските аукции.

На семинарот ќе биде презентирано спроведување на постапка целосно по електронски пат и ќе бидат детално објаснети процесот, концептот и спроведувањето на електронската аукција, како и:

– Детално опишување на е-Набавките и алатките што ги нуди ЕСЈН
– Спроведување на јавно отворање и евалуација по електронски пат
– Закажување и спроведување на електронски аукции
– Спроведување на електронски аукции кај предмети на набавка од специфична природа
– Претставување на случаи на “добра пракса” при спроведувањето на е-Набавките и е-Аукциите
– Интерактивни вежби!! Секој од учесниците индивидуално ќе ги помине фазите на јавната набавка по електронски пат
– Прашања и дискусија за реални и потенцијални проблеми при спроведувањето на е-Аукциите

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:

За договорните органи, а особено за лицата кои се задолжени за спроведување на постапките за јавните набавки, како и одговорните лица што ги носат соодветните одлуки во постапките.

Повеќе на овој ЛИНК

Препорачуваме

Партнери на Правдико