Обука: Имплементација на Законот за безбедност и здравје при работа | Правдико

Правдико

   

Обука: Имплементација на Законот за безбедност и здравје при работа

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

koncept

Имплементација на законот за безбедност и здравје при работа; Новини во законот за прекршоците во врска со законот за безбедност и здравје при работа; Оценка на работната способност на осигурениците, работење со намалена работна (преостаната) способност и повторно ангажирање на пазарот на труд

14 декември 2015 година (понеделник), 10:00-16:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Предавачи: Слаѓана Андоновска (инспектор), Јулија Чавдар-Христова (поранешен судија) и експерт од Министерство за труд и социјална политика

Цел на обуката: 
Со Законот за безбедност и здравје при работа, се преземаат мерки и активности со цел да се заштити животот и здравјето на вработените и другите лица кои имаат право на тоа.

Интерес на државата, на работодавачите и на вработените е да обезбеди највисоко ниво на безбедност и здравје при работа, несаканите последици како што се повреди на работа, професионални болести и болести при работа да се сведат на најмала можна мерка, односно да се обезбедат услови при работа со кои вработениот ќе има чувство на задоволство при извршување на професионалните задачи. За постигнување на оваа цел неопходен е систематски пристап на преземање превентивни мерки со вклучување на сите субјекти кои се носители на обврски и активности, на национално ниво, во областа на безбедност и здравје при работа. Нивна должност е да се грижат за спроведување на утврдени правила, мерки и стандарди за условите на работа и постојана грижа да го менуваат и усогласуваат технолошкиот и општествено- економскиот развој, со цел да се унапреди безбедноста и зачува здравјето на вработените.

При извршување на инспекцискиот надзор ако се констатира непревземање мерки за безбедност и здравје при раборта, од страна на работодавачот, согласно Законот, работодавачот се санкционира за утврдените недостатоци согласно изготвеното Упатство за изрекување глоба, за сторен прекршок.

Обуката се организира со цел да се дефинира преземање превентивни мерки за унапредување на безбедност и здравје при работа и правилно имплементирање на законот за БЗР во работењето на компаниите, каде посебен акцент ќе се стави на Упатсвото за одмерување на глоби. Како дел од обуката посебно ќе се поминат и новините во новиот закон за прекршоците особено оние коишто се однесуваат на безбедност и здравје при работа. Посебен осврт ќе се даде и на оценката на работната способност на осигурениците, работењето со намалена работна (преостаната) способност и повторното ангажирање на пазарот на труд.

Повеќе информации на следниот ЛИНК

 

Партнери на Правдико