Правдико

   

Обука: „Клевета од аспект на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и примери од практиката на ЕСЧП“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Адвокатска комора на Република Македонија, во рамки на соработката со Советот на Европа под проектот „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX), Ве поканува на Обука на тема: „Клевета од аспект на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и примери од практиката на ЕСЧП“.

Обуката ќе се одржи на  12-13 ноември (понеделник – вторник) во Охрид, во хотелот „Парк Лејксајд“, со почеток во 13 часот.

Обуката е  пред се’ е наменета за адвокати кои во својата практика се занимаваат со предмети од областа на Слободата на изразување, односно членот 10 од Европската конвенција за човекови права.

Обуката со поздравен говор ќе ја отвори претседателот на Адвокатската комора на РМ, г. Љубомир Михајловски.

Обучувачи на обуката ќе бидат г-ѓа Ивана Роања, меѓународен експерт oд областа човековите права,  адвокат – Адвокатска комора на Италија и г. Никола Додевски, адвокат со долгогодишно искуство во областа.

Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за обуката е до 1 ноември 2018 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: e.pavlovska@mba.org.mk. Бројот на учесници на обуката е ограничен. Трошоците за обуката (спиење, оброци и сл.) ќе бидат покриени во рамки на проектот. 

Партнери на Правдико