Правдико

   

ОБУКА: Користење на Електронскиот систем за јавни набавки

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

koncept

Користење и практична примена на ЕСЈН, спроведување на постапка по електронски пат и последни измени во областа на е-Набавките

 (Обука наменета за сите договорни органи)

15 декември 2015 година (вторник), од 10.00 до 16.00 часот
Институт за бизнис образование КОНЦЕПТ, Скопје

На обуката која е наменета за сите договорни органи како што се јавни здравствени установи, образовни установи, дирекции, агенции, заводи, јавни комунални претпријатија, институти, судови, развојни центри и сл., учесниците ќе имаат можност да учествуваат на обука каде што детално ќе се запознаат со користењето на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) и спроведување на постапка по електронски пат. Имајќи ги во предвид плановите за задолжителност на е-Набавките (во предложената измена на Законот се предвидува задолжително користење на е-Набавките почнувајќи од 2016 година – во 30% од постапките, 2017 – 50% и 2018 – 100%), како и целосниот редизајн на модулите на системот кои ги користат договорните органи (нова верзија на ЕСЈН од 31.08.2015), ваквата обука е од исклучителна важност за лицата инволвирани во јавните набавки. Учесниците на обуката на интерактивен начин преку вежби и тест-сценарија подетално ќе се запознаат со алатките што ги нуди ЕСЈН, самите практично ќе спроведат постапка за јавна набавка по електронски пат и детално ќе се запознаат со сите функционалности на ЕСЈН.

На обуката учесниците ќе имаат единствена можност да дискутираат и да ги искористат искуствата на експерти за јавни набавки кои учествувале во создавањето и развојот на Електронскиот систем за јавни набавки, и кои што веќе неколку години спроведуваат постапки целосно по електронски пат. Исто така, на учесниците ќе им бидат претставени новините на ЕСЈН и идните планови за негов развој, а преку интерактивна работа на тестната околина на ЕСЈН ќе бидат запознаени со:

  • Претставување на новиот дизајн на ЕСЈН и новините кај профилите и функционалностите на договорните органи
  • Објаснување на новиот концепт на јавно отворање, евалуација и испраќање на известувања преку ЕСЈН
  • Спроведување на барање за прибирање на понуди и отворена постапка по електронски пат со  детално појаснување на алатките што ги нуди ЕСЈН
  • Секој од учесниците индивидуално ќе ги помине фазите на јавната набавка (од одлука за набавка, јавно отварање, евалуација на понудите на ЕСЈН се до одлука за избор или поништување на постапката)
  • Спроведување на електронски аукции кај предмети на набавка од специфична природа
  • Претставување на случаи на “добра пракса” при спроведувањето на е-Набавките и е-Аукциите и прашања и дискусија за реални и потенцијални проблеми при спроведувањето на е-Набавките
  • Презентација на начинот на објавување на TED (ted.europa.eu – службено гласило на ЕУ) и помош при регистрација на истиот

Повеќе информации околу обуката на следниот ЛИНК

Партнери на Правдико