Обука на обучувачи за концептот на еднаквост и недискриминација | Правдико

Правдико

   

Обука на обучувачи за концептот на еднаквост и недискриминација

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

logo (1)Адвокатската комора на Република Македонија во рамки на соработката со Mисијата на ОБСЕ во Скопје и планираните активности за 2014 година, организира „Обука на обучувачи за концептот на еднаквост и недискриминација“.

На обуката е планирано да учествуваат 12 адвокати, кои понатаму, во втората половина на годината, ќе реализираат две дводневни обуки за практична имплементација на Законот за заштита и спречување на дискриминацвија, како и на европските стандарди презентирани низ судската пракса на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Обуката ќе се одржи во деновите 26  28 Мај 2014 година, во хотел Манастир – Берово, а организаторот ги покрива трошоците за хотелско сместување на база полн пансион и патни трошоци во висина на повратен автобуски билет за секој учесник.

Програмата започнува во понеделник, 26 мај во 10 часот, а пристигнувањето на учесниците е предвидено за попладневните часови во недела, 25 мај, 2014 година.

Сите колеги кои се заинтересирени да земат активно учество на оваа обука, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил. lawyermk@mba.org.mk, најкасно до  12 Мај 2014 година.

Извор: Адвокатска комора на РМ

Препорачуваме

Партнери на Правдико