Обука на судии – печат и медиуми вклучени во судски постапки Организирана во рамките на договорот за соработка помеѓу Француската амбасада и Академијата за судии и јавни обвинители | Правдико

Правдико

   

Обука на судии – печат и медиуми вклучени во судски постапки Организирана во рамките на договорот за соработка помеѓу Француската амбасада и Академијата за судии и јавни обвинители

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во рамките на договорот за соработка помеѓу Француската амбасада и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, на 24 и 25 јуни организираат обука за судиите од Република Македонија кои водат постапки во врска со слободата на изразување,  посебно кои постапуваат во предмети  за клевета, адвокатите и новинарите.

aaa

Поканети се медиумите на 24 јуни 2014 во 10:00 часот во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, на средба со француските експерти предавачи, во присуство на г- ѓа Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители,  Н.Е.  г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција во Скопје.

Обуката ќе се фокусира на прашања за слободата на изразување во медиумите.

Поканети се четириесет македонски судии, новинари и адвокати да учествуваат на оваа обука.

Обуката ќе биде предводена од двајца француски судии, г-ѓа Анабел Филип, заменик обвинител во Основениот суд во Париз и раководител на Секторот за печат и заштита на слободите на изразување на медиумите во Јавното обвинителство и г. Марк Баји, заменик претседател во  Основениот суд во Париз, судија координатор на Комората за печат.

Посебен акцент ќе биде ставен на слободата на изразување на новинарите, заштитата и ограничувањата, како и одлучување за износот на надомест во случај на клевета, споредување на практиките во Франција и во Македонија.

Наредната обука ќе се фокусира на прашања поврзани со финансиските истраги и управување со мерки што ги загрозуваат слободите (притвор, прислушкување, претрес итн.).

 Оваа обука е од суштинско значење за судиите и обвинителите, коишто целиот свој живот ќе бидат на првата борбена линија против корупцијата и заштитата на слободите на граѓаните. Француската амбасада несебично ќе се залага постојано да ја  поддржува македонската страна во оваа борба.

За потсетување :

 Во 2014 година, веќе две обуки беа организирани. Во месец февруари беше спроведена обука наменета за административните кадри на Академијата за инжентеринг на Центар за судски обуки  а во месец април беше спроведена обука на предавачи.

 Обуките организирани во 2012 и 2013 година беа фокусирани на изборот на младите судии,  нивната обука во Академијата, оценувањето за време на обуките, програмите за континуираните обуки на судиите, независноста на судиите, пристап до чувствителните популации во Академијата и семинарот за  дијалог меѓу судиите и адвокатите.

Извор: Академија за судии и јавни обвинители

Препорачуваме

Партнери на Правдико