Обука на тема: ”Доказни правила и приговори во домашното казнено процесно законодавство и меѓународните стандарди” | Правдико

Правдико

   

Обука на тема: ”Доказни правила и приговори во домашното казнено процесно законодавство и меѓународните стандарди”

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

advАдвокатската Комора на Република Македонија поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје организирачетири еднодневни обуки на оваа тема кои ќе се одржат во Скопје на 26, 27, 29 и 30 октомври, 2015 година. Обуката е практична и бара активно учество со претходна подготовка врз основа на работни материјали кои во електронска форма ќе бидат доставени до учесниците пред почетокот на обуката.

Заинтересираните адвокати можат да се пријават во Адвокатска комора на РМ на е-меил: lawyermk@mba.org.mk заклучно со 24 септември 2015 година. При пријавувањето се замолуваат да остават е-маил адреса и телефон за контакт.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги покрива трошоците на учесниците за храна и освежување во текот на обуката, како и ограничен број на ноќевања со појадок за оние учесници кои ќе пристигнат од други градови оддалечени повеќе од 50км од Скопје. Патни трошоци не се покриени, а местата се ограничени.

Обучувачи се:

Мајкл Г. Карнавас, адвокат од САД (26,27,29,30 октомври)
Даниел Ивановски, адвокат од РМ (26 октомври)
Весна Јовановска, адвокат од РМ (27 октомври)
Марге Сотировска, адвокат од РМ (29 октомври)
Хајди Штерјова, адвокат од РМ (30 октомври)

Предлог програмата на обуките можете да ја погледнете овде: Предлог програма

Препорачуваме

Партнери на Правдико