Обука на тема модул 1 – Предистражни постапки
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители во соработка и со финанска поддршка на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и ОПДАТ Програмата при Амбасадата на САД во Република Македонија, продолжува со реализација на специјализирани обуки за новиот Закон за кривична постапка. Напредната обука која се однесува на модул 1 – Предистражни постапки, е наменета за сите адвокати кои веќе ги поминале основните обуки.
Напредната обука за новиот Закон за кривична постапка, Предистражни постапки – модул 1, ќе се одржи во периодот од 26 – 28 Мај 2014 година, во Скопје.
Сите колеги кои се заинтересирани да земат активно учество на оваа обука, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил. d.georgiev@mba.org.mk најдоцна до 22 Мај 2014 година.
Извор: Адвокатска комора на РМ