Oбука на тема “Соработка со сведоците и жртвите на кривични дела”
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Здружението на јавните обвинители во Република Македонија и Отсекот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организираат обука во врска со сведоците и жртвите во кривичната постапка, малолетниците како сведоци или жртви и начинот на нивото испитување. Фокусот на обуката е ставен на улогата на правосудната полиција во предистражната и истражната постапка во врска со вештините и начините на испитување на полнолетни и малолетни лица заради собирање известувања за кривичното дело, сторителот или други важни околности за делото; испитување на сведоците и жртвите како сведоци во постапката; форензична евалуација; регионални искуство , стандарди за постапување на јавниот обвинител со децата како жртви, оштетени и сведоци итн.
Обуката на тема “Соработка со сведоците и жртвите на кривични дела” ќе се одржи на 9 – 10 октомври 2014 година /четврток и петок/ во хотел ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје со почеток во 09.30 часот.
Организаторот на семинарот ги покрива трошоците околу сместувањето, храната и патувањето на учесниците.
Сите колеги кои се заинтересирани да земат активно учество на оваа обука, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е–маил: lawyermk@mba.org.mkнајдоцна до 03 Октомври 2014 година.
Извор: Адвокатска комора на РМ