ОБУКА: Обработка на специфичности од Законот за работни односи | Правдико

Правдико

   

ОБУКА: Обработка на специфичности од Законот за работни односи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

koncept

27 јануари 2016 година (среда), од 10.00 до 16.00 часот
Пријавување најдоцна до 25 јануари 2016 година.

Институт за бизнис образование КОНЦЕПТ, Скопје

Цел на обуката:
Институт КОНЦЕПТ организира обука каде што се третираат области од Законот за работни односи, поконкретно паричните побарувања по сите основи од работен однос, како што се плата, надоместоци од плата, како и колективни договори и понуда на нов променет договор пред отказ. Дополнително ќе се покријат и постапките при отказ од деловни причини и мобингот. На крај ќе се води расправа и за прашања кои се од интерес на учесниците.

Содржина на обуката:

1.    Плата и надоместоци на плата- член 105 од ЗРО – вид на плаќање (правната регулатива со која се уредуваат прашањата на платите и надоместоците на плати – закон,  колективни договори и договор за вработување);
2.    Член  106 од ЗРО – основна плата, работна успешност и додатоци (платата остварена со вложен труд);
3.    Член 107 од ЗРО – Минимална плата;
4.    Член 111 од ЗРО – Задржување и порамнување на исплаќање на платата;
5.    Член 112  од ЗРО – Надоместок на плата;
6.    Колективни договори
7.    Престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда, (чл.102 став 4 од ЗРО)
8.    Меѓусебен однос на член 54 и 55 од  Законот за работните односи со Законот за трговските друштва во делот кој се однесува на деловните лица;
9.    Отказ со понуда на нов променет договор за вработување. ( начин и постапка) – член 78 од ЗРО
10.    Постапка при отказ од деловни причини
–    откажување на договорот за вработување заради економски, организациони, технолошки или слични причини од страна на работодавачот- деловни причини
–    информирање и консултирање со работниците
–    исплата на испратнина
11.    Заштита од вознемирување на работно место-мобинг
–  постапка за посредување и судски постапки при наводи за мобинг
–  психичко и полово вознемирување на работно место
–  избирање на посредник
–  определување на посредник
–  судска заштита

За кого е наменета обуката:

За претставници од сите трговски друштва кои секојдневно се соочуваат со трудово-правната проблематика, правни сектори, сектори за човечки ресурси, менаџери.

Обучувачи:

1. Санде Зиков, судија во Основниот суд Скопје II – Скопје во Одделот за работни спорови. Од 2011 година е определен за Претседател на Одделот за работни спорови во Основниот суд Скопје II – Скопје. Проблематиката  со која се бави претежно е трудовото право и постапувањето по предметите од работните спорови. Има учествувано на бројни семинари од различни области и тоа од кривичната, граѓанската и извршната област како и на повеќе семинари во организација на Агенцијата за државни службеници. Во 2013 година е избран за постојан едукатор во Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија.

2. д-р Зоран Михајлоски, доктор на правни науки од областа на деловното право. Ангажиран е како насловен доцент на Факултетот за правни науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Негов најтесен предмет на интерес e трудово-правната проблематика. Воедно, д-р Зоран Михајлоски е и постојан едукатор во Академијата за обука на судии и јавни обвинители на РМ. Со свои трудови има учествувано на поголем број семинари во земјата и странство.

Повеќе информации на следниот ЛИНК

Препорачуваме

Партнери на Правдико