ОБУКА: Обработка на специфичности од Законот за работни односи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.ОБРАБОТКА НА СПЕЦИФИЧНОСТИ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ (ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОР, ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖНОСТ НА ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, ВМЕТНУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТСКА КЛАУЗУЛА) И МЕНАЏЕРСКИ ДОГОВОРИ
Предавачи: Санде Зиков и Зоран Михајловски
9 декември 2015 година (среда), 10:00 – 16:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
Цел на обуката:
Обуката се организира со цел обработка на специфичностите на Законот за работните односи на Република Македонија. Посебен осврт ќе има на договорите за вработување (елементи, форма, содржина, склучување и престанок на договорите). Посебно ќе бидат покриени и клаузилите за забрана на конкурентско дејствување.
Обуката ќе ги опфати и аспектите на одговорноста на менаџерите, правејќи јасна дистинкција помеѓу различните видови на одговорност на органите на управување и надзор. Оттука неминовно се наметнува потребата да биде направена и јасна дистинкција помеѓу различните нивоа на менаџмент во друштвото, корелирано со видот и степенот на нивната одговорност и консеквенците кои би можеле да ги сносат.
Во рамки на обуката ќе бидат разработени и сите значајни аспекти кои ја детерминираат пред се правната положба на менаџерите во друштвото, нотирајќи ги притоа сите специфики и дилеми кои досега се имаат појавено во праксата, при што ќе бидат предложени и конкретни насоки за нивно надминување.
Во контекст на наведеното, во рамки на обуката, посебно внимание ќе биде посветено на менаџерските договори, при што ќе бидат обработени сите специфични прашања и дилеми, презентирајќи можни решенија за решавање на правниот статус на менаџерите во друштвото.
Содржина на обуката:
1. Договор за вработување
– Основни елементи на работен однос
– Услови за склучување на договор за вработување;
– Форма на договорот за вработување;
– Содржина на договорот за вработување;
– Суштински елементи на договорот за вработување,
– Измени и престанување на важност на договорот за вработување.
2. Начини на престанување на важноста на договорот за вработување
– Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски со отказен рок
– Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски без отказен рок
– Најнови измени во ЗРО за престанок на работен однос поради возраст на работникот член 104 од ЗРО
3. Утврдување на кршење на работниот ред и дисциплина
4. Други одредби за давање отказ поради кршење на работната дисциплина
5. Застареност при донесување на одлука за отказување на договор за вработување, чл.94 од ЗРО
6. Остварување и заштита на правата, обврските и одговорностите од работен однос чл.181 од ЗРО
– Примарна заштита и
– Судска заштита
7. КОНКУРЕНТСКА ЗАБРАНА – законска забрана на конкуретското дејствување и КОНКУРЕНТСКА КЛАУЗУЛА – договорна забрана на конкурентското дејствување
8. Менаџерски договори
– Правен статус на менаџерите во домашното законодавство;
– Утврдување на статус на менаџерите;
– Видови на менаџерски договори;
– Претпоставки за одредување на основна плата на менаџерот;
– Проблеми и недостатоци при склучувањето на менаџерските договори;
– Основи за престанок на менаџерскиот договор;
– Заклучни согледувања.
За кого е наменета обуката:
Обуката првенствено е наменета за менаџерите од сите ешалони во компаниите, раководители на правни сектори и сектори за човечки ресурси на трговските друштва, лица вработени во посочените и други сектори и одделенија во трговските друштва, адвокати, како и за сите оние кои пројавуваат професионален интерес за предметната проблематика.
Повеќе информации на следниот ЛИНК