Обука: Oсновни техники на канцелариското и архивското работење и водење на E-деловодник | Правдико

Правдико

   

Обука: Oсновни техники на канцелариското и архивското работење и водење на E-деловодник

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

koncept

15 февруари 2016 година (понеделник),
10.00 до 16.00 часот​

Со оглед на големиот интерес што постои во јавноста за Законот за архивски материјал и за подзаконските акти во доменот на канцелариското и архивското работење и со цел да одговориме на основните прашања коишто произлегуваат од овие акти како и најчесто поставуваните прашања во врска со водењето на електронска архива, Институтот за бизнис образование КОНЦЕПТ организира практична обука на тема: “Основни техники на канцелариското и архивското работење и водење на е-деловодник (електронска архива)“.

Содржина на обуката:

– Презентирање на законските и подзаконските акти за канцелариското и архивското работење;
– Дефинирање на основните поими во канцелариското и во архивското работење: архивски материјал, документарен материјал, документ/запис, конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал, имател на архивски материјал и сл;
– Споредба помеѓу јавен и приватен архивски материјал: права и обврски на имателите на јавен и на имателите на приватен архивски и документарен материјал;
– Основни техники во канцелариското работење: како се води основната книга за евиденција – деловодник, како се водат помошните книги за евиденција, како се изработува План на архивски знаци, Листа на архивски материјал и Листа на документарен материјал со рокови за негово чување, електронско канцелариско работење (практична работа и практични примери);
– Основни техники на архивското работење: архивирање, средување и обработка на документите, одбирање на архивскиот од документарниот материјал, попис и опис на архивскиот материјал, заштита и чување на архивскиот материјал (практична работа и практични примери);
– Водење на електронска архива (е-деловодник);
1.    Усогласенот помеѓу рачно водење на деловодник и е-деловодник (нивна паралела).
2.    Водење на е-деловодник:Канцелариско работење;Движење на документите;Архивско работење.
3.    Скенирање директно во Деловодникот; Распределување на документите по вработен; Дефинирање на сопствени независни категории и поткатегории; Дополнување на забелешки.
4.    Образложение на најчесто поставуваните прашања поврзани со електронското водење на архивата (е-архива и е-деловодник).

За кого е наменета обуката:

За сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и унапредат техниките на канцелариското и архивското работење и да го усогласат своето работење со важечките законски прописи, како и да започнат со водење на електронска архива (водење на е-деловодник).

Обучувачи:
1.    Диме Јуруков, поранешен заменик директор на Државниот архив на Македонија и долгогодишен предавач на теми од областа на архивското работење.
2.    Блаже Аврамовски, Македонски бизнис системи.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
•    работен материјал;
•    кафе и освежување;
•    закуска;
•    сертификат за присуство на семинарот.

Повеќе информации на следниот ЛИНК

Препорачуваме

Партнери на Правдико