ОБУКА: Примена и толкување на законот за заштита на укажувачи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Предавач: Д-р Слаѓана Тасева
6 мај 2016 година (петок), 10:00 – 15:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
Цел на обуката:
Институт КОНЦЕПТ организира обука каде што учесниците ќе се запознаат со новиот Закон за заштита на укажувачи објавен во Службен весник на РМ бр. 196/15 од 10 ноември 2015 година, а кој започна да се применува на 18 март 2016 година. Со овој закон се уредуваат: заштитеното пријавување, правата на укажувачите, како и постапувањето и должностите на институциите, односно правните лица во врска со заштитено пријавување и заштита на укажувачите. Обуката ќе се реализира со посебен акцент на целите и содржината на законот, обврските кои овој Закон ги востановува за јавниот и за приватниот сектор и начинот како тие обврски можат да се реализираат.
Содржина на обуката:
- Што претставува заштитеното пријавување;
- Лица кои можат да се јават во својство на укажувачи;
- Законски гаранции за заштита на укажувачите;
- Објаснување на изразите;
- Институции надлежни за постапување по овој закон;
- Обврски на институциите од јавниот сектор;
- Обврски на правните лица од приватниот сектор;
- Како да се воспостави процедура за заштитено пријавување внатрешно пријавување;
- Што претставува заштитено надворешно и внатрешно пријавување;
- Што претставува заштитено јавно пријавување;
- Заштита на идентитетот на укажувачот;
- Правилник за заштитено внатрешно и надворешно заштитено пријавување;
- Изготвување на акти за заштитено пријавување;
- Прекршочни санкции за постапување спротивно на законот.
За кого е наменета обуката:
За претставници од сите трговски друштва кои согласно законот имаат обврска да востановат процедура за заштитено внатрешно пријавување (со повеќе од 10 вработени), за вработени во правни сектори, менаџери, претставници од јавниот сектор, застапници и адвокати.
Предавач:
Д-р. Слаѓана Тасева, Претседател на Транспаренси интернешнел Македонија и Управител на ЕУРИСК Консалтинг Скопје. Д-р Тасева е еден од авторите на законот и меѓународно признаена како познавач на материјата за заштита на укажувачите (whistleblowers), учесник во изготвувањето на Водичот на Добри практики во заштитата на укажувачите што го објави Канцеларијата на ООН за борба против дроги и криминал во Виена, во 2015 година. Од 2010 година д-р Тасева е Член на Меѓународниот советодавен одбор на Меѓународната Анти-корупциска Академија во Виена, а од ноември 2015 година е член на Комитетот за Мониторинг и Евалуација на корупцијата во Авганистан.
Повеќе информации ТУКА