Правдико

   

Обука: Развивање на основните техники и вештини во поглед на градењето на одбраната на клиентот

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 20 ноември, 2018 година во х. „ТЦЦ Гранд Плаза“ во Скопје ќе се одржи обука на тема „Развивање на основните техники и вештини во поглед на градењето на одбраната на клиентот“.

Предавачи на обуката ќе бидат претседателот на Аадвокатската комора на РМ – адвокат Љубомир Михајловски, адвокат Гордана Митовска и адвокат Бојана Неткова.

Целта на овој курс е да им се презентираат на адвокатите битните елементи, техниките и вештините во градењет на теоријата на случајот и одбраната на клиентот. Фокусот на овој курс ќе биде насочен кон воведните говори, директното и вкрстеното испитување, дополнително испитување и завршните зборови.

Овој курс е наменет да се помогне на  адвокатите да се стекнат пред се со основните вештини на стратешко планирање на својот случај, начинот на испитување, кога и како да се постави прашање и дали тоа прашање воопшто да се постави. Дали да се даде воведен говор и што треба да содржат завршните говори. Со еден збор техники за успешно водење на главната расправа.

Адвокатите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: lawyermk@mba.org.mk.

Партнери на Правдико