Правдико

   

Обука: Развивање на вештини кај одбраната за фазата обвинение како составен дел од кривичната постапка

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 26 октомври , 2018 година во х. „ТЦЦ Гранд Плаза“ во Скопје ќе се одржи обука на тема „Развивање на вештини кај одбраната за фазата обвинение како составен дел од кривичната постапка и улогата на адвокатот во оваа фаза.

Предавачи на обуката ќе бидат адвокат Гордана Митовска и адвокат Фатмир Муса.

Целта на оваа еднодневна работилница/обука е воведување на учесниците во фазата на обвинението, кои чекори треба да се преземат во оваа фаза и улогата на бранителот во оваа фаза. Кога, како и зошто адвокатот треба да реагира, на кој начин и со кои средства треба да се служи адвокатот со цел поуспешно застапување на својот клиент.

Адвокатите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: lawyermk@mba.org.mk.

Партнери на Правдико