Правдико

   

Обука: „Развивање на вештини на одбраната за предистражната кривична постапка“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 24 октомври 2018 година во х. „ТЦЦ Гранд Плаза“ во Скопје ќе се одржи обука на тема „Развивање на вештини на одбраната за предистражната кривична постапка“.

Предавачи на обуката ќе бидат адвокат Даниел Ивановски и адвокат Елена Грижева.

Целта на оваа еднодневна работилница/обука е предистажната постапка која ги вклучува: улогата на јавниот обвинител и правосудната полиција во предистражната постапка и улогата на адвокатот (одбраната), вовед и запознавање со  „вештините“ на бранителот во предходната постапка, материјални докази – утврдување, прибирање и обработка.
Во секоја кривична постапка, соодветно и во предистражната постапка, треба да се имаат во предвид основните начела на кривичната постапка: презумција на невиност, ne bis in idem, право на одбрана, кои можат да бидат и најчесто се предизвик во овој дел од постапката.

Предистражната постапка е фаза во која обвинителството и одбраната ги прибираат доказите врз основа на кои обвинителството ќе донесе одлука/решение дали да отвори истражна постапка и да поднесе обвинение до судот или ќе ја запре постапката со отфрлање на кривичната пријава.

Овој курс е наменет да им помогне на адвокатите да развијат вештини кои им се  потребни за успешно застапување на обвинетиот во предистражната постапка.

Адвокатите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: lawyermk@mba.org.mk.

Партнери на Правдико