Обука:„Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија“ | Правдико

Правдико

   

Обука:„Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Адвокатската комора на Република Северна Македонија ја продолжува својата успешна соработка со Советот на Европа во рамките на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија“ (ЈУФРЕКС) кој е дел од програмата „Хоризонтален инструмент II за Западен Балкан и Турција 2019-2022ʻʻ заеднички проект на Европската унија / Совет на Европа.

Овој пат, соработката продолжува со организација на обука за адвокати од областа на слободата на изразување.

Обуката ќе се одржи од 23-25 јуни, 2022 година (четврток-сабота) во х. Гранит, Охрид. Обуката ќе биде спроведена од сертицирани обучувачи на Советот на Европа. Материјалите за обуката се изготвени од меѓународни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Трошоците за хотелско сместување се покриени од страна на организаторот.

Рокот за пријавување на обуката е до 15 јуни, 2022 година на имеил адреса e.pavlovska@mba.org.mk.

Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен. Пријавените адвокати дополнително ќе бидат известени за агендата.

Партнери на Правдико