Правдико

   

Обука: Средства за обезбедување на побарувањата и ликвидација на трговски друштва

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еднодневна обука на тема:

СРЕДСТВА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА (ПРЕТХОДНИ И ПРИВРЕМЕНИ МЕРКИ) И ЛИКВИДАЦИЈА НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА

28.9.2017 година (четврток)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија Ве поканува на еднодневна обука на тема: Средства за обезбедување на побарувањата (претходни и привремени мерки)  и ликвидација на трговски друштва.

ПРОГРАМА:
 • Средства за обезбедување на побарувањата согласно Законот за обезбедување на побарувањата;
• Обезбедување со претходна мерка (надлежен суд за определување на претходна мерка, услови за определување на претходна мерка, видови на претходни мерки);
• Привремени мерки (месна надлежност, кога може да се дозволи привремена мерка, видови на привремени мерки за обезбедување на парични побарувања, привремени мерки за обезбедување на непарично побарување);
• Ликвидација на трговско друштво.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?
Обуката е наменета за правници, менаџери, раководители и останати одговорни лица во правните сектори на правните лица и финансиските сектори, како и лица од останатите сектори во делот на запознавањето со основите законски одредби кои првенствено се однесуваат за ефикасна заштита во наплата на побарувањата, а се однесуваат на спречување од настанување на штета по однос на нивното побарување во деловните односи со други субјекти, со примена на претходните и привремените мерки, и заштита на нивните права во ситуација кога над трговското друштво се отвори постапка за ликвидација.

ПРИДОБИВКИ ОД ОБУКАТА
Обезбедувањето на побарувањата во правниот промет и бизнис работењето на правните субјекти е едно од најгорливите прашања, особено во ситуација кога судската постапка или управната постапка не е започната, а од друга страна постои основан сомнеж дека без овие мерки ќе се осуети побарувањето на доверителот. Поврзаноста тука често се бара и со ликвидацијата на трговските друштва и заштитата на правата во оваа постапка.

Придобивки од оваа обука се следните:

• зголемена ефикасност во решавањето на предметите поврзани со    обезбедувањата на побарувањата;
• економичност во функционирањето на правните лица;
• зголемен квалитет на знаење за законските можности во остарувањето на правата поврзани со ликвидацијата на трговските друштва;
• исцрпно запознавање со законската процедура и надлежностите на судовите во врска со наплата на побарувањата.

ПРЕДАВАЧ:
-М-р Билјана Ристеска Тутуновска,  адвокат со големо искуство од правните работи и предмети поврзани со сите области од правото, а особена експертиза има во делот на деловното и стопанското право, работните односи, имотно-правните и трговските спорови пред сите надлежни органи во Р. Македонија. Истата има магистрирано на тема од областа на договорното право и има посетувано обуки од различен карактер во делот на правните прашања поврзани со нејзината работа. Искуството во решавањето на правните проблеми на клиентите, како физички така и правни лица, пред сите органи со јавни овластувања, државни органи и судовите на целата територија на Р. Македонија ја прават квалитетен и добар познавач на правото и изнаоѓање на правни решенија кои се клучни за успешното деловно работење на компаниите. Еден период истата беше и колумнист во списанието HR за човечки ресурси каде главните теми на текстовите беа токму работните односи и едукација на сите сектори во правните субјекти за законските норми во овој дел.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
– работен материјал;
– ручек и освежување и
– сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 26.9.2017 година

Повеќе инфо ТУКА

Партнери на Правдико