Oбука за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци наменета за авторски агенции
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Дирекцијата за заштита на личните податоци организира обука за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци наменета за претставници на авторски агенции, а заради усогласување на работењето на авторските агенции со прописите за заштита на личните податоци.
Обуката ќе се одржи на 29.06.2016 година (среда) со почеток од 10:00 часот во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци (бул.,,Гоце Делчев“ бр.18 Скопје – зграда на МРТВ 14-ти кат ).
Цената за учество на оваа обука е по 3000 денари за учесник, согласно Одлуката за определување на висината на трошоците за вршење обука на заинтересирани контролори и обработувачи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 148/10). Лицата кои ќе учествуваат на обуката ќе добијат сертификат за учество.
Пријавувањето за обуката се врши на obuki@privacy.mk или planinka.arsovska@privacy.mk , со доставување на пополнетото Барање за обука кое што можете да го симнете на следниот линк: http://www.dzlp.mk/mk/obuki_obrasci .
Лице за контакт: Планинка Крстиќ Арсовска, секретар на Комисија за спроведување на обуки тел.(02)3 230 635.