Обука за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци - за невладини организации | Правдико

Правдико

   

Обука за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци – за невладини организации

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

logo

Поради пројавениот интерес за обука за заштита на личните податоци, од страна на неколку невладини организации, Дирекцијата за заштита на личните податоци организира обука за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци наменета за претставници на невладини организации, која што ќе се одржи на ден 04.05.2016 година (среда) со почеток од 10.00 часот. Оваа обука ќе се одржи во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци (бул.„Гоце Делчев“ бр.18 Скопје – зграда на МРТВ 14-ти кат).

Цената за учество на оваа обука е по 3000 денари за учесник, согласно Одлуката за определување на висината на трошоците за вршење обука на заинтересирани контролори и обработувачи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 148/10). Лицата кои ќе учествуваат на обуката ќе добијат сертификат за учество.

Пријавувањето за обуката се врши на obuki@privacy.mk или planinka.arsovska@privacy.mk, со доставување на пополнетото Барање за обука кое што можете да го симнете на следниот линк: http://www.dzlp.mk/mk/obuki_obrasci.

Лице за контакт: Планинка Крстиќ Арсовска, секретар на Комисија за спроведување на обуки тел.(02)3 230 635.

Препорачуваме

Партнери на Правдико