Обука за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.24 февруари 2016 година (среда),
од 10:00-16:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
Цел на обуката:
Правните лица од областа на трговијата како контролори на збирки на лични податоци, да се стекнат со знаења и вештини кои ќе им овозможат правилно толкување и примена на прописите за заштита на личните податоци, што ќе им овозможи минимизирање на ризикот од случајно губење, преправање, неовластено откривање или пристап до податоците со кои располагаат при вршењето на својата дејност.
Агенда:
I.
• Заштита на личните податоци во Рeпублика Македонија – Законски барања и стандарди
• Правна рамка за заштита на личните податоци
• Поимник
• Офицер за заштита на личните податоци
• Обврска на контролорите за регистрација на збирките на лични податоци во Централниот регистар на ДЗЛП
II.
• Начела за заштита на личните податоци
• Обработка на матичниот број на граѓанинот
• Обработка на биометриски податоци
• Лична карта – задржување и копирање
• Давање на лични податоци на користење
• Директен маркетинг
III.
• Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци
• Документација со опис на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци
IV.
• Вршење на инспекциски надзор над обработката на личните податоци
• Редовен инспекциски надзор
• Вонреден инспекциски надзор
• Контролен инспекциски надзор
V.
• Обработка на личните податоци преку системи за видео надзор
• Акт со кој се уредува начинот на вршење на видео надзорот
• Обврски на контролорите при воспоставување на системи за видео надзор
Практични примери
За кого е наменета обуката:
За правните лица од областа на трговијата.
Предавачи:
Инспектори од Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Цената за еден учесник изнесува 6.000 денари, плус ДДВ. За секој нареден учесник од иста компанија следува попуст од 10%.
Сите учесници на семинарот ќе добијат:
• работен материјал
• сертификат за учество
• кафе и освежување
• закуска
Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 22 февруари 2016 година.