Обука за Обучувачи при „Правда за деца: Примена на правото за бесплатна правна помош при работа со деца“ | Правдико

Правдико

   

Обука за Обучувачи при „Правда за деца: Примена на правото за бесплатна правна помош при работа со деца“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Адвокатската комора на Република Северна Македонија и Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје организираат Обука за Обучувачи при „Правда за децаПримена на правото за бесплатна правна помош при работа со деца“.


Со оглед на новонастанатата ситуација со вирусот Covid – 19, обуката ќе се одржи онлајн. Насоките за започнување на обуката ќе бидат навремено доставени до сите учесници со детални онлајн инструкции во насока на начинот на функционирање и динамиката на следење на обуката, како и структурата на истата дополнети со начинот на регистрација и навигација низ онлајн платформата.

Обуката за обучувачи „Правда за деца: Примена на правото за бесплатна правна помош при работа со деца“ е изработена во рамките на проектот Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија„ кој е дел од програмата ‘’Хоризонтален инструмент II за Западен Балкан и Турција 2019-2022ʻʻ, заеднички проект на Европската унија / Совет на Европа којшто го спроведува Советот на Европа во соработка со Адвокатската комора на Р.С.Македонија.

Материјалите за обуката се изготвени од интернационални и национални експерти на Совет на Европа, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Се работи за онлајн обука, којшто е интерактивна и се состои од повеќе модули.

Оваа обука за обучувачи е отворена за сите заинтересирани адвокати. По завршување на истата, адвокатите ќе добијат сертификати од Советот на Европа и Адвокатската комора на РСМ за успешно завршен обука.

  1. Критериуми за аплицирање:
  • Минимум 4 години практично искуство во некоја од следниве области: права на децата, правда прилагодена на потребите на детето, човекови права, бесплатна правна помош.
  • Минимум 3 години практично искуство во креирање, организирање и одржување на курсеви и обуки.
  • Искуство во работа со владини и невладини организации (не е задолжително, но доколку апликантот поседува ќе се смета за предност.)
  • Течно да го зборува и пишува Англискиот јазик
  1. Потребни документи:
  • Детална биографија (CV) која ја покажува исполнетоста на апликантот на критериумите за аплицирање (т.1)
  • Мотивационо писмо (не подолго од 2 страни) кое содржи образложение на кој начин апликантот ги исполнува условите за горенаведената материја со соодветни докази, зошто аплицира на повикот и како тој/таа ќе придонесе во квалитетот на самата обука.
  • Листа со три контакти за препораки (треба да содржи, име и презиме на контактот, мобилен број и e-mail адреса)

Потребен број на адвокати: 24

Адвокатите кои ќе бидат избрани дополнително ќе бидат известени за процесот на регистрација на онлајн платформата, како и за точниот датум на започнување на обуката.

Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведениот курс е до 15 февруари 2021 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: akrsm.obuki@gmail.com . 

Препорачуваме

Партнери на Правдико