Обука за Законот за кривичната постапка во Штип | Правдико

Правдико

   

Обука за Законот за кривичната постапка во Штип

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

advokatska komoraАдвокатската комора на РМ (АКРМ) во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ), во рамките на заедничкиот проект „Обука на адвокатите на одбраната за новиот Закон за кривичната постапка и на Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната“ организира обука за новиот Закон за кривичната постапка.

Обуката ќе се одржи на 1 декември 2016 година (четврток) во Штип и е наменета за адвокати од тоа апелационо подрачје. Местото на одржување на обуката дополнително ќе биде утврдено.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.

Препорачуваме

Партнери на Правдико