Обука за Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната што ќе се одржи во Велес | Правдико

Правдико

   

Обука за Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната што ќе се одржи во Велес

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Адвокатската комора на РМ (АКРМ) во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ), во рамките на заедничкиот проект „Обука на адвокатите на одбраната за новиот Закон за кривичната постапка и за Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната“ организира дводневна обука  на тема „Практични искуства од досегашната имплементација на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната“.

Обуката е наменета за адвокати и ќе се одржи на 24 и 25 февруари 2017 година во х. Гардениа, во Велес.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.

Препорачуваме

Партнери на Правдико