Oбука за Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната - Струмица | Правдико

Правдико

   

Oбука за Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната – Струмица

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
Адвокатската комора на РМ (АКРМ) во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ), во рамките на заедничкиот проект „Обука на адвокатите на одбраната за новиот Закон за кривичната постапка и за Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната“ организира обука  на тема „Практични искуства од досегашната имплементација на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната“.
Oбуката е наменета за адвокати и ќе се одржи на 30 јуни (петок) во Струмица, во хотелот „Сириус“. Агендата за настанот дополнително ќе биде објавена.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.

Препорачуваме

Партнери на Правдико