Правдико

   

Обука за ЗКП во организација на АКРМ и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите во Велес

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Адвокатската комора на РМ (АКРМ) во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) во рамки на заеднички проект организира практична обука за адвокати  за Законот за кривичната постапка.

Обуката ќе се одржи на 18-19 мај 2018 година (петок – сабота) во Велес , х. Гардениа.

Во рамки на обуката ќе биде спроведена симулација на судење со цел подобрување на вештините на адвокатите особено во делот на директно и вкрстено испрашување.

Обучувачи на обуката ќе бидат г. Џон Мекнил, резидентен правен советник во Амбасадата на САД во Македонија и поранешен адвокат во САД, со над 30 години пракса, г.Филип Јанически, правен советник во Амбасадата на САД во Македонија, а свое обраќање ќе има и претседателот на Адвокатската комора на РМ, г. Љубомир Михајловски.

Бројот на учесници на обуката е ограничен. Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.  

Партнери на Правдико