Обука: Законска регулатива за производство на вино во РМ | Правдико

Правдико

   

Обука: Законска регулатива за производство на вино во РМ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

koncept

19 август 2016 година (петок) од 10:00-15:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Цели на семинарот:
Семинарот се организира во насока на образложување на правата и обврските на производителите на винско грозје и вино согласно законската регулатива, подобрување на квалитетот на виното и другите производи од винско грозје и вино, како и функционирање на внатрешниот и надворешниот пазар на винско грозје и вино.

Содржина:
•    Закон за виното и Подзаконски акти
•    Одобрение за садење
•    Национален регистар на лозови насади
•    Пријавување на површините под лозови насади
•    Пријавување на количини на набрано грозје
•    Пријавување на количини на купено и продадено грозје
•    Класификација на сорти грозје за производство на вино
•    Суровина за производство на вино, енолошки средства и постапки
•    Пријавување на производство на вино
•    Ставање вино во промет
•    Класификација на вината и декласирање
•    Означување на вината – ЕТИКЕТА
•    Надзор (МЗШВ И ДИЗ)
•    Казнени одредби

За кого е наменет семинарот:
Семинарот е наменет за: лозари – производители на винско грозје, винарски визби и винари (физички лица) производители на вино, трговци со грозје и вино.

Предавачи: 
м-р Јован Карчовски – раководител на сектор за инспекциски надзор од областа на семе, саден материјал, производи за заштита на растенијата, квалитет и безбедност на ѓубиња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата, цвеќе, генетски модифицирани организми и вино со лозарство при Државен инспекторат за земјоделство.

Даниела Кавракова – помлад соработник во одделението за инспекциски надзор од областа на вино со лозарство при Државен инспекторат за земјоделство.

Повеќе информации ТУКА

Партнери на Правдико