Правдико

   

Обуки: Пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање на движен и недвижен имот под закуп

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ujpУЈП ги информира граѓаните дека  од 25 октомври 2016 година отпочнува со реализација на едукативни програми наменети за граѓани, на тема: „Пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот“. Со обуките кои ќе се спроведуваат во период од еден месец, се предвидени 46 работни средби со граѓаните од 36 општини низ Републиката. Првите работни средби ќе се реализираат во општините Куманово, Градско и Богданци.

УЈП ги повикува сите заинтересирани граѓани да се пријават и да ги посетат обуките. На еднодневното советување, посетителите ќе имаат можност да се стекнат со знаења и практични примери за начинот на пријавување и оданочување на остварените приходи и даночните поволности…

Обуките се спроведуваат во рамките на Планот за управување со усогласеност на УЈП со кој се таргетира издавањето под закуп на движен и недвижен имот, а со цел зголемување на свеста и едуцираноста на даночните обврзници за нивните права и обврски.

Повеќе информации ТУКА

Партнери на Правдико