Oбуки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци за авто школи | Правдико

Правдико

   

Oбуки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци за авто школи

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

logo

Поради пројавениот интерес за обука за заштита на личните податоци, од страна на неколку претставници на авто школи, Дирекцијата за заштита на личните податоци организира обуки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци наменети за претставници на авто школи, кои што ќе се одржат на 04.05.2016 година (среда) и 11.05.2016 година (среда) со почеток од 10.00 часот. Овие обуки ќе се спроведат во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци (бул.,,Гоце Делчев“ бр.18 Скопје – зграда на МРТВ 14-ти кат ).

Цената за учество на обука е по 3000 денари за учесник, согласно Одлуката за определување на висината на трошоците за вршење обука на заинтересирани контролори и обработувачи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 148/10). Лицата кои ќе учествуваат на обуката ќе добијат сертификат за учество.

Пријавувањето за обуката се врши на obuki@privacy.mk или planinka.arsovska@privacy.mk, со доставување на пополнетото Барање за обука кое што можете да го симнете на следниот линк: http://www.dzlp.mk/mk/obuki_obrasci. Во Барањето задолжително треба да се наведе датумот на кој што планирате да ја посетите обуката (04 или 11 мај 2016 година).

Лице за контакт: Планинка Крстиќ Арсовска, секретар на Комисија за спроведување на обуки тел.(02)3 230 635.

Препорачуваме

Партнери на Правдико