Правдико

   

Oбуки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

logo

Дирекцијата за заштита на личните податоци и Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи на РМ, согласно склучениот Меморандум за соработка бр.01-455/1 од 22.02.2016 година, организираат обуки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци наменети за трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи. Целта на овие обуки е усогласување на работење на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи со прописите за заштита на личните податоци.

Термини за одржување на овие обуки се следните: 09.03.2016 година (среда) и 16.03.2016 година (среда).

Пријавување за наведените обуки се врши на следниот е-маил: info@geokomora.mk , а за повеќе информации можете да се обратите на тел. 02 3 220 449.

Партнери на Правдико