Обуки за справување со говорот на омраза во медиумската сфера | Правдико

Правдико

   

Обуки за справување со говорот на омраза во медиумската сфера

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

oscemeta-550x293Фондацијата Метаморфозис и Мисијата на ОБСЕ во Скопје упатуваат повик за пријавување учесници за обуки за справување на говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и администратори на веб-портали.  Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на онлајн-медиумите во Македонија за препознавање и спротивставување на говорот на омраза и говорот што поттикнува насилство и криминал  од омраза, како и промоција на професионалните новинарски стандарди во синергија со Сервисот за проверка на факти од медиумите.

Обуките ќе се одржат во текот на октомври 2015 година на следните датуми и локации

  • 7 октомври (среда) во Скопје,  хотел Stone Bridge
  • 14 октомври (среда) во Струга,  хотел Дрим
  • 20 октомври (вторник) во Струмица, хотел Сириус

Обуките ќе бидат еднодневни, а целокупните трошоци за учеството ќе бидат покриени од страна на организаторите. За учесниците кои ќе доаѓаат од други места ќе биде обезбедено покривање на патните трошоци во висина на повратен автобуски билет.

(Нацрт-агенда е во прилог на оваа порака.)

Бројот на учесници е ограничен. Селекцијата на пријавените кандидати, претставници на веб-портали и други медиуми, ќе биде извршена според редоследот на пријавување. Во случај да се пријават повеќе кандидати од капацитетот на одбраната обука, тие ќе може да учествуваат или на наредните обуки од циклусот, или ќе бидат поканети на учество на наредни настани од сличен вид.

Ги покануваме заинтересираните кандидати да го пополнат следниот онлајн-формулар најдоцна до 5 октомври во 12 часот, по што ќе бидат контактирани од тимот на Метаморфозис за потврда на нивното учество. За сите дополнителни информации може да се обратите на соработничката Адријана Селмани, по е-пошта на:  adrijana@metamorphosis.org.mk или телефонски на бројот 02/3109 325.

Препорачуваме

Партнери на Правдико