Обвинение или тужба?! | Правдико

Правдико

   

Обвинение или тужба?!

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

„Вечерва официјално потврдено: Покренато обвиниение против Бејли за активностите во Македонија“ под овој наслов порталот Република и весникот Вечер под наслов „Бејли оди на СУД! Сега сè е јасно!“ на 19 април, објавиja дека конзервативната невладина организација „Џудишал Воч“ поднела тужба против американскиот амбасадор Џес Бејли, пред судот во Вашингтон за делувањето во Македонија.

Од насловите на текстовите на Република и на Вечер може да се констатира дека е покренато обвинение против амбасадорот Бјели и дека тој ќе оди на суд.

На официјалната веб-страница на организацијата „Џудишл Воч“ пишува дека станува збор за тужба против Стејт Департментот и Агенцијата УСАИД во Македонија. „Џудишал воч“ денеска објави дека поднеле тужба според Актот за слобода на информации против Стејт департментот и американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) заради податоци и комуникации во врска со финансирањето и политичките активности на Фондацијата Отворено општество – Македонија“, пишува на официјалната веб-страница на организацијата.

На веб-страницата на „Џудишал воч“ пишува дека тужбата ја поднеле откако и американскиот Стејт департмент и УСАИД не им одговориле на нивното барање од 16 февруари.

Во објаснувањето на Џудишал Воч пишува: „Македонската организација, дел од фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос, примила речиси 5 милиони долари од УСАИД од 2012 до 2016 година. Тужбата е поднесена во окружниот суд на САД во округот Колумбија“.

Васко Маглешов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико