Обвинение против четворица вработени во Агенцијата за катастар
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против четири лица што се товарат дека ги злоупотребиле службената положба и овластувањето.
Од Обвинителството велат дека обвинетите, вработени како службени лица во Агенцијата за катастар на недвижностите Скопје, со искористување на својата службена положба и овластувањето и спротивно на одредбите од Законот за катастар на недвижностите, склучиле договори за извршување консултантски услуги со Републичкиот геодетски завод Србија.
Договорите биле склучени на ист датум во декември 2016 година во рамките на проектот за управување со недвижностите, а врз основа на нив на обвинетите им биле исплаќани средства во текот на повеќе месеци во 2017 година. На овој начин секој од обвинетите, во зависност од својот ангажман, за себе прибавил противправна имотна корист од поголема вредност – односно 1.000.541 денар, 763.031 денар, 753.072 денара и 930.378 денари.
Извор: Макфакс