Обвинение против десетмина за обидот за убиство на Зијадин Села | Правдико

Правдико

   

Обвинение против десетмина за обидот за убиство на Зијадин Села

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до кривичниот суд достави обвинителен акт против десет лица за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села.


„Обвинетите сите заедно, како и со други лица за кои до овој момент не е утврден идентитетот, се обиделе да го лишат од живот оштетениот Зијадин Села. Дел од обвинетите користеле тврди предмети кои ги фрлале кон оштетениот и притоа му нанеле животно загрозувачки повреди. Другите, пак, со употреба на удари, клоци и тупаници го извршиле кривичното дело за кое се товарат“, соопшти обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор за деветмина од обвинетите, а за еден од нив предлог за продолжување на мерката куќен притвор.

„Обвинителството цени дека постојат законските основи за продолжување на побараната мерка за обезбедување, бидејќи постојат основи за можно бегство на обвинетите, за влијание врз сведоци, како и за довршување на кривичното дело за кое се обвинети“, велат од скопското обвинителство.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико