Обвинение против скопјанец кој со тупаници и клоци убил жена | Правдико

Правдико

   

Обвинение против скопјанец кој со тупаници и клоци убил жена

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против скопјанец за кривично дело – убиство.

Обвинетиот на 10 мај во раните утрински часови, во куќа на улицата Перо Наков, извршил семејно насилство и со умисла убил жена со која живеел во заедничко домаќинство и со која имал блиски лични односи.

Тој со повеќе удари со рацете и нозете ѝ нанел повеќе телесни повреди во пределот на главата и по целото тело, и тоа хематоми и скршеници, од кои кај неа се развил трауматски шок и настапила смрт.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци, надлежниот јавен обвинител на судот му предложил да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетиот.​

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико