Правдико

   

Обвинение против српски државјанин кој се обидел да украде автомобил

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје достави обвинителен акт до Основниот суд Скопје 1 против едно лице, 37-годишен државјанин на Република Србија, кое се товари дека се обидело да изврши тешка кражба.

Обвинетиот на 10.04.2019 година, на улицата Орце Николов во Скопје, заедно со уште едно засега непознато лице, со провалување се обиделе да одземат туѓ подвижен предмет – автомобил. Притоа на наведената адреса дошле со возило – караван со српски регистарски ознаки. Обвинетиот излегол од возилото и со употреба на подесен предмет (штрафцигер) го скршил задното десно стакло на патничко моторно возило „ренџ ровер“, сопственост на правно лице, кое било паркирано во близина. Потоа влегол во автомобилот и со електронски уред за декодирање и клуч за стартување се обидел да го запали. Во тој момент, од блискиот угостителски објект излегол сопственикот и го затекнал обвинетиот во возилото, со што го спречил во намерата противправно да го присвои автомобилот вреден 6.241.800 денари.

Бидејќи постојат околности кои и натаму укажуваат дека обвинетиот би можел да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице, се наведува во соопштението.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико