Обвинение против три лица за пронајдено поголемо количество марихуана во Гостивар | Правдико

Правдико

   

Обвинение против три лица за пронајдено поголемо количество марихуана во Гостивар

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против три лица, двајца македонски и еден албански државјанин, за кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 38-годишен странски државјанин набавил поголемо количество наркотична дрога – марихуана во Република Албанија, ја внел во земјава и ја скрил во стан во Гостивар. На 6 август двајцата обвинети жители на Скопје, на возраст од 28 и 32 години, како соизвршители договориле купување на 1.990 грама марихуана од првиот обвинет, со цел потоа да ја препродадат на наркозависници.

Притоа договориле на првиот обвинет да му исплатат сума од 2.500 евра. При обид да ја извршат размената, биле забележани од полициски службеници, дрогата им била пронајдена и одземена, а тие биле лишени од слобода. При претрес во станот во Гостивар во кој престојувал обвинетиот странски државјанин биле пронајдени уште 31.880 грама марихуана.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот државјанин на Република Албанија, како и мерките куќен притвор за двајцата обвинети македонски државјани. ​

Партнери на Правдико