Обвинение за дилер на хероин од Скопје
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Обвинетиот од март до јули оваа година во неколку наврати од засега непознато лице заради продажба набавувал хероин, потоа го препакувал во помали пакувања и го продавал.
На 8 овој месец бил извршен претрес во неговиот дом при што биле пронајдени 9,28 грама хероин и една дигитална вага со остатоци од дрогата. Истиот ден обвинетиот им продал дрога на две лица, со вкупна нето маса од 0,24 грама спакувана во две полиетиленски пакувања, по што истите биле одземени. Обвинетиот е во притвор.
Извор: Макфакс