Обвинение за две струмичанки кои не ги почитувале мерките за заштита од заразни болести | Правдико

Правдико

   

Обвинение за две струмичанки кои не ги почитувале мерките за заштита од заразни болести

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Одновното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен предлог против мајка и ќерка од Струмица на возраст од  56 и 35 години, поради основано сомнение дека сториле кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинетите вo Струмица на 27 и 28 февруари во повеќе наврати за време на епидемија на опасната заразна болест коронавирус –  COVID-19 , не постапиле според посебните мерки за заштита на населението од заразни болести и определените мерки за сузбивање и спречување на заразна болест, како и донесените Решенија на Државниот санитарен и здравствен инспекторат со кои обвинетите се ставаат под здравствен надзор. Мерките им биле определени бидејќи имале престој во Пјаченца, Италија.

На 27.02.2020 и 28.02.2020 година, обвинетите во одделни случаи се симнале од станот во кои се спроведувале мерките за изолација пред станбениот објект, каде биле пресретнати од полициски службеници и предупредени да се вратат во живеалиштето и да ги почитуваат мерките. Обвинетите со вербална расправија се спротивставиле на службените лица, а предупредувањата не ги почитувале. ​

Партнери на Правдико