Правдико

   

Обвинение за извршени кражби во Скопје

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје  поднесе Обвинителен предлог против две лица кои како соизвршители сториле продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, скопјани на возраст од 27 и 43 години, со умисла извршиле две временски поврзани дејствија, искористувајќи ист траен однос и  исти прилики што претставува повеќекратно остварување на кривичното дело – тешка кражба. Тие на 2 јули 2020 година, околу 1.00 часот, со погоден алат – токмак го искршиле долниот дел од заштитниот ѕид на затворена просторија од магацин – тезга и одзеле туѓи подвижни предмети, облека, во вкупна вредност од 21.420,00 денари. Истиот ден , околу 3.00 часот го провалиле и магацинот – тезга на второ оштетената од каде, со намера противправно да ја присвојат, одзеле облека во вкупна вредност од 180.480,00 денари.

При напуштање на местото со украдената облека спакувана во најлонски ќеси, обвинетите биле фатени од надлежни полициски службеници.

Со поднесениот Обвинителен предлог, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за едно од обвинетите лица, а за другото обвинето лице предлог за продолжување на веќе определената мерка куќен притвор, бидејќи постои опасност од бегство на обвинетите и можност за попречување на натамошната постапка.

Партнери на Правдико