Обвинение за корупција против бразилскиот претседател | Правдико

Правдико

   

Обвинение за корупција против бразилскиот претседател

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Генералниот обвинител на Бразил, Родриго Жанот, по долга истражна постапка, пред Врховниот суд на земјата поднесе барање за подигнување на обвинение против претседателот Мишел Темер за пасивна корупција, што е нова постапка која би можела да ја загрози неговата функција по неколку афери.

Обвинителот го товари Темер дека ја „преценил својата функција“ и примил поткуп од околу 150.000 долари од компанијата за производство на месо ЈСБ, која е вмешана во корупциски скандал кој го потресува Бразил.

Неколку часа пред поднесување на барањето, прво од таков вид против еден претседател на Бразил, Темер рече дека е „неуништив“. „Никој не може да не уништи, ниту мене ниту моите министри“, рече Темер.

За да може Темер официјално да биде обвинет и изведен пред Врховен суд, неопходно е барањето на главниот обвинител да го прифатат две третини од пратениците во бразилскиот парламент. Доколку се случи тоа, Темер би можел привремено да биде отстранет од власт до 180 дена.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико