Правдико

   

Обвинение за лицето кај кое беше пронајдено оружје и муниција

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило  кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, 65-годишен жител на село Марино, во својот дом неовластено држел полуавтоматски пиштол „Црвена застава мод.70“ со калибар од 7,65мм со два шаржери, десет куршуми со калибар 7,65мм, ловна пушка „Заводи црвена застава“ со калибар 12мм, полуавтоматски пиштол „Црвена застава м57“ со калибар 7,62Х25мм, 18 куршуми муниција за тој пиштол, 89 ловни патрони, како и пневматска пушка без ознака и број и од неутврдено потекло, наменета за истрелување на оловни проектили – дијаболи.

Со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје  достави предлог за продолжување на веќе определената мерка куќен притвор.

Партнери на Правдико