Обвинение за мажот кој купи малолетна невеста за 1.600 евра
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Обвинителството поднесе обвинение против мажот кој во април годинава, со намера да се ожени, купил петнаесетгодишно девојче за сума од 1.600 евра.
Девојчето било продадено од страна на нејзиниот малолетен роднина. Малолетникот ја подвел својата петнаесетгодишна роднина на претходно договорен присилен брак, со измама ја зел и ја однел на договореното место. Осомничениот, македонски државјанин, ја исплатил побараната сума и употребувајќи физичка сила, психолошко насилство и обид за обљуба го повел со себе девојчето кое пружало отпор. Жртвата искористила шанса и во погоден момент избегала и се јавила на своите родители.
Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинениот.
Извор: Макфакс