Обвинение за обљуба врз немоќно лице
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело Обљуба врз немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик.
Oбвинителот до Основниот суд Струмица достави и предлог за продолжување на определената мерката притвор, ценејќи дека се исполнети законските основи.
Обвинетиот на возраст од триесет и две години го искористил претходното познанство со жртвата, па на 11 декември во домот на жртвата во струмичко, го извршил делото напаѓајќи ја оштетената-лице со пречки во развојот и вршејќи обљуба. Тој како вработен во претпријатие за собирање отпад претходно се сретнал со оштетената, при што ја осознал нејзината состојба како и домот во кој живее.
Во момент кога жртвата била сама, осомничениот го извршил делото. По пријава од родител на жртвата, осомничениот беше веднаш лишен од слобода, а Основното јавно обвинителство Струмица веднаш презеде дејствија за расчистување на настанот.