Обвинение за пијаниот возач од Кавадарци кој удри во деца и избега
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Велешкото обвинителство поднесе обвинение против возачот од Кавадарци кој во алкохолизирана состојба удри во мотоцикл на кој се превезувале две деца и избега од местото, оставајќи ги малолетниците тешко повредени. Несреќата се случи на 31 мај, а кај возачот биле утврдени 3,27 промили на алкохол во крвта и 2,7 промили алкохол во урината.
Против него е поднесено обвинение за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
„На 31 мај обвинетиот, во состојба на тешко пијанство со присуство на 3,27 промили алкохол во крвта и 2,7 промили алкохол во урината, управувал со автомобил во сопственост на неговата сопруга. Притоа, движејќи се по улицата Гоце Делчев во Кавадарци, каде брзината на движење на возилата е ограничена на 40 километри на час, обвинетиот го управувал автомобилот со брзина од 84 километри на час, односно со брзина која е за 44 километри на час поголема од дозволената. Доаѓајќи до крстосницата меѓу улиците Гоце Делчев и Осми септември, навлегол во вкрстувањето при вклучено црвено светло на семафорот“, наведуваат од обвинителството.
Во тој момент, пак, од улица Осми септември на крстосницата, во состојба на кочење, навлегувал мопед марка „априлија“ со кој се превезувале две деца. Мопедот со предното тркало удрил во десната предна врата на автомобилот, а од ударот мопедот заедно со децата паднал на коловозот, лизгајќи се.
При тоа двете деца се здобиле со тешки телесни повреди. Иако со автомобилот што го управувал ги повредил децата, обвинетиот продолжил да се движи напред, оставајќи ги без помош на коловозот.
Извор: Макфакс